На ,,Ченгино Кале” реализирана 7-та планинарска акција од предизвикот ,,12 врвови”

Членовите на планинарското друштво ,,Трансверзалец” го искачија врвот Ченгино Кале со што ја реализираа 7-та акција во рамки на планинарскиот предизвик ,,12 врвови”. Активноста како што информираат од друштвото се реализирала согласно протоколите за безбедност во услови на Ковид-19.

-Ченгино Кале ја претставува најисточната точка на територијата на Република Македонија, и воедно е одлика на прекрасните природни убавини на Малешевските Планини. Патеката не водеше меѓу двете мали природни езерца – Орлови Очи близу до врвот Ченгино Кале и водопадите на Равна Река во изворишниот дел на Брегалница. Почетокот на планинарската акција стартуваше од излетничкото место Равна Река кај Пехчево.

Планинарска тура како што додаваат планинарите била долга 20 километри во предели со обележани патеки.

-Ова е седма акција во рамки на предизвикот ,,12 врвови”. Првично истата требаше да се реализира во месец април, но поради одредени околности поврзани со корона вирусот, тоа го направивме на 31 мај 2020 година, додаваат од друштвото.

Следниот предизвик во рамки на планинарската акција ,,12 врвови”, како што додадоа од друштвото е искачувањето на ,,Орли врв”.

На 31.05.2020 на Малешевските Планини го искачивме врвот Ченгино Кале висок 1752 м.н.в. Овој врв ја претставува…

Posted by Планинарско Друштво Трансверзалец on Tuesday, 2 June 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*