Во Делчево и Берово во тек уписите за над 180 првачиња

Во Делчево и Берово успешно започнаа уписите за идните првачиња. Од септември во училишните клупи за прв пат настава во Делчево ќе посетуваат околу 100 првачиња. Како што информираше советникот за образование при општина Делчево, Ванчо Новоселски, уписите се одвиваат согласно протоколите за заштита од вирусот Ковид-19. 

-Бројката на дечиња кои треба да се запишаат  во прво одделение, во Делчево изнесува 169 дечиња, но од тие се очекува да се запишат околу 100 првачиња. Како резултат на миграцијата останатите се деца кли живеат надвор од државата, а се со место на раѓање во Делчево, рече Новоселски.

Тој додаде дека при запишувањето на ученици во прво одделение, во училиштата ќе се спазува реонизацијата.

-Реонизацијата е стандардна процедура, а имајки предвид дека имаме две основни училишта затоа и е важен овој критериум при запишувањето во прво одделение. Според тоа се очекува во деветолетката ,,Ванчо Прке” да се запишаат половина од споменатата бројка на првачиња, исто како и во деветолетката ,,Св.Климент Охридски”, додаде Новоселски.

Слична е состојбата за уписите на првачињата и во Берово.

-Според податоците кои ги имаме во Берово, пред упис во прво одделение се вкупно 104 ученици. Од таа бројка реално е за очекување да се запишаат 80-тина ученици кои во први одделение ќе учат во деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово, како и во подрачните училишта, информира директорката на деветолетката од Берово, Наташа Аврамска.

И во оваа општина, како што додаде таа, уписите се одвиваат согласно протоколите на Министерството за образование и Министерството за здравство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*