Пекевски: Берово е отворен град за туристите, но секој мора да носи заштитна маска и да одржува дистанца

Поради зголемениот број туристи кои за време на продолжениот викенд се во Берово, градоначалникот Звонко Пекевски апелираше на задолжително почитување на препораките и мерките за заштита од вирусот Ковид-19.

-Со оглед на забележително зголемената фреквенција, а со тоа и зголемениот ризик од зараза од Ковид-19, апелирам на строго почитување на мерките, а особено препорачувам задолжително носење маска и одржување на дистанца. Ова особено важи за сите кои доаѓаат од високо ризичните реони во нашата општина истакна Пекевски.

Благодарение на досегашното почитување на мерките и препораките, како што додаде тој, Берово е општина со само двајца заболени пациенти, од кои едниот е веќе оздравен.

-Токму поради ова, отсега е потребно да бидеме уште повеќе внимателни, со оглед на присуството на голем број граѓани, во Берово. Ковид-19 е сериозно заболување, а почитувањето на мерките, ќе придонесе за спречување на ширење на истото и затоа уште еднаш апелирам граѓаните и особено туристите да носат заштитни маски и да одржуваат дистанца со што сите ќе придонесат за надминување на состојбата со коронавирусот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*