Полицијата и граѓанството даруваа крв во Делчево

Во Делчево одржани две крводарителски акции. Како што информираа од Црвен крст Делчево првата се спроведе со припадниците на делечвската полиција, додека во рамки на вторатат крводарителска акција, крв даруваа граѓаните.

-Благодарност до сите кои учествуваа во крводарителските акции во кои имавме изразито добра бројка на собрани крвни единици. Вкупно 37 припадници на полицијата меѓу кои и вработени во Регионалниот центар за гранични работи Исток подарија крв, додека исто така 37 крвни единици беа собрани и во крводарителската акција со граѓанството, истакнаа од Црвен крст Делчево.

Акциите како што додадоа се редовни и се реализираа согласно предвидениот план за работа на Општинската организација на Црвен Крст. Свој удел во акцијата имаа претставници на Институтот за трансфузиона медицина кои ја спроведоа акцијата со сите потребни процедури за заштита од вирусот Ковид-19.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*