Планинарите од ПСК ,,Голак” го искачија врвот ,,Кадиица”

Со почитување на препораките на министерството за Здравство како и на Федерацијата за планинарство десетчлена екипа на Планинарскиот спортски клуб ,,Голак” од Делчево денес го искачи врвот Кадиица (Огреак) кој се наоѓа на 1932 метри надморска висина на планината Влаина.

Како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, планинарскиот марш се движел по кружна патека во вкупна должина од 21 километар.

-Поаѓањето започна од град Пехчево на 1034 мерри надморска висина со следната маршрута на движење: Филтер станица 1139 м.н.в. – Смрдлива вода (Рѓава вода) 1365 м.н.в. – Кардан Чешма 1589 м.н.в. – врв Кадиица (Огреак) 1932 м.н.в. – Трешчен камен (Мандра) 1614 м.н.в. – Под врв Орловец 1723 м.н.в.(каде се наоѓа Вулканската Купа – подмасив на Влаина) – Јудови ливади 1315 м.н.в. – Филтер станица 1139 м.н.в. – Пехчево 1034 м.н.в, информираше Чучуковски.

Времето како што додава било облачно и пријатно, освен на почетокот кога заврнал ситен и краткотраен дожд од 10 минути.

-На врвот имаше умерено дозасилен ветар и пониска температура околу +10 степени целзиусови. Се на се одлично поминати моменти со одлична и позитивна екипа на планинари членови на ПСК ,,Голак”, додаде претседателот на клубот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*