Прес на СДСМ Делчево

Интегрално ви го пренесуваме текстот од денешната прес-конференција на Билјана Петровска, ПР на Општинската организација на СДСМ, Делчево.

………………………………………………………………..

Мицкоски крши прописи и лумпува по кафеани, а ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и глуми загриженост за здравјето на граѓаните

Христијан Мицкоски беше жив фатен како ги прекршува прописите во време на пандемија додека со часови седел во затворен дел од ресторан кој заради заштита од вирусот не смеел да работи.

Според информации објавени од МВР, полициски структури дошле до ресторанот каде седел Мицкоски,во обид да го спасат од одговорност. Имало и обид да се скријат камерите на кои се гледа како Мицкоски ги крши мерките за заштита од Ковид.

Ваквата операција да се скријат доказите докажува дека Мицкоски многу добро знаел дека не смеел да биде во затворен дел од ресторан и дека со тоа кршел забрани. Не е точно неговото тврдење дека не бил доволно информиран со протоколите.

Ова однесување на Мицкоски освен што е незрело и неодговорно, во истовреме е и опасно по здравјето на граѓаните. За него поважни се кафеаните и теретаните, отколку јавното здравје.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат, не одговараат на прашањата со кого тој се среќавал при посетата на ресторанот

Низ јавноста и низ медиумите кружат информации за тоа со кого Мицкоски се среќавал додека ги прекршувал забраните.

Мицкоски упорно бега и не одговара на јавнопоставените прашања:

Мицкоски треба да одговори со кој седел внатре во ресторанот и дали тоа биле повеќе од двајца на една иста маса?

Дали на иста маса со Мицкоски седел и Ален Зекиров, добро познат лик, поранешен член на обезедувањето на Сашо Мијалков и личност на која и се судеше за прегазување човек?

Дали на истата маса седел и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразознавање?

Дали станува збор за тајна средба, па затоа и персоналот на ресторанот со часови не дозволувал пристап на инспекторите?

Што договорал Мицкоски на таа средба? Ново кршење на мерките?

Мицкоски е неодговорен, опасен по јавното здравје.

Во време на оваа сериозна здравствено-економска криза Мицкоски останува запаметен како фактор на деструкција, човек кој свесно и намерно ги прекршува мерките и задолженијата и со тоа го загрозува јавното здравје.

Целата јавност гледа како во време на сериозна здравствена закана Мицкоски вежбаше во теретани, групно се качуваше на Водно,а на крај лумпувал во кафеани во дел кој не смее да работи. За сето време ВМРО-ДПМНЕ глумат загриженост за јавното здравје додека нивниот шеф свесно ги прекршува мерките и задолженијата.

Граѓаните го ценат и ќе го судат ова опасно однесување на незрелиот и неодговорен Мицкоски.

Во продолжение видео од денешниот прес на ОО на СДСМ Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*