Регионално: Привршува изградбата на улицата „Јуриј Гагарин“ во Берово

Привршуваат работите за изградба на улицата „Јуриј Гагарин“ во Берово. На денешната прес-конференција, градоначалникот Звонко Пекевски информираше дека се работи за проект вреден 2,29 милиони денари, со кој ќе се подобри комуникацијата на граѓаните од овој дел со центарот на градот.

-Општина Берово покрај кризата од коронавирус, согласно програмата за работа за 2020 година предвиде средства за изградба на улицата „Јуриј Гагарин“, со што општината дава прироритет на капиталните инвестиции. За изградба на оваа улица се овозможени 2,29 милиони денари со што ќе се овозможи подобрување на патната инфраструктура за жителите од овој дел на градот, рече Пекевски.

Улицата како што додаде тој на прес-конференцијата се гради во должина од 310 метри, а согласно планот за работа како што дополни ќе се продолжи и понатаму.

-Градевме, градиме и ќе градиме по план, со што ќе обезбедиме поквалитетна инфраструктура и подобри услови за живот на граѓаните, додаде Пекевски.

Според планираното изградбата на улицата со асфалтирање очекуваат да биде завршена до средината на овој месец.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*