РК Делчево: На повидок враќање на машката екипа во 1-та лига

Откако коронавирусот ги уништи сите случувања на спортски план во градот, првата убава вест пристигнува од ракометот. Новостите велат дека на повидок е враќање на машката екипа на РК ,,Делчево” во Првата ракометна лига лига на Македонија.

Како што стои во објавата на официјалната фан-страна на клубот се бара спонзор кој ќе ги помогне активностите во следниот период, додека ростерот за екипата ќе биде составен претежно од поранешната екипа чии играчи се согласни дека градот заслужува да гледа прволигашки ракомет.

-Се надеваме дека ќе пријавиме екипа за второто по квалитет натпреварување по Суперлигата во Македонија, а тоа е Првата лига во ракомет. Разговарано е со сите играчи кои се согласни дека публиката во Делчево заслужува да гледа врвен ракомет во нашиот град. Поради ова очекуваме општината и стопанските субјекти да излезат во пресрет на клубот и да го зголемиме интересот кај делчевската публика за ракометот и спортските случувања, истакнаа од РК Делчево.

Од периодот кога настапуваа заедно ги паметиме Гоце Ѓеоргиевски, Мирче Ѓеоргиев, Стефан Златковски, Михаил Коларски, Илчо Ѓеоргиев и сите останати ракометари на кои заедно со стручниот штаб им посакуваме успех во планираното и да го повторат успехот кој пред две-три години го постигнаа кога се натпреваруваа во прволигашката конкуренција и оставија солиден впечаток кај љубителите на ракометот од Делчево.

Се потсетуваме на еден од подобрите настапи на тогашната екипа која се натпреваруваше во Првата ракометна лига на Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*