Пуштен каналот за наводнување во село Разловци

Во делчевското село Разловци пуштен каналот за наводнување кој селаните го користат за наводнување на земјоделските површини во текот на летниот период. Како што информираат од АД ,,Водостопанство на РСМ” – подружница Берово, претходно нивни екипи извршија чистење на самиот канал.

-Во изминатите неколку дена се отстрануваше сета обрасната вегетација околу каналот во горно Разловци. Активноста е важна заради подобриот проток на вода, кој ќе им биде потребна на земјоделците во период кога ќе имаат поголема потреба за наводнување на површините, истакнаа од беровската подружница.

Од таму додаваат дека поради врнежите кои паднаа во изминатиот период, водостојот на акумулацијата со која се наводнуваат површините во овој регион од делчевско е стабилен.

-Последните врнежи во Пијанечко-малешевскиот регион ја подобрија состојбата со акумулацијата во Берово. Сметаме дека со сегашната состојба нема потреба од загриженост за недостиг од вода за наводнување. Ако продолжи врнежливиот период можеме да очекуваме дека состојбата ќе биде уште подобра, додаваат од претпријатието.

Од АД ,,Водостопанство” на РСМ – подружница Берово апелираат до земјоделците за било какви проблеми и нивно навремено решавање да ги контактираат надлежните се со цел излегување во пресрет, пред наводнителната сезона

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*