Прес на СДММ Делчево

Претседателот на СДММ, Никола Тренчевски денес одржа прес конференција чиј интегрален текст ви го пренесуваме во целост.

Секој од нас има обврска да ги почитува мерките, ова е моментот кога мораме да дадеме поддршка на здравството!

Вирусот е сеуште тука, а епидемијата може да ја победиме само ако заеднички делуваме.

Не постои друг начин да излеземе од кризата освен со целосно почитување на мерките.

Секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.

За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме нашето здравје, мора:

Да одржуваме физичка дистанца.

Да носиме заштитна опрема секогаш на затворено и секогаш на отворено кога не можеме да ја одржиме дистанцата.

Редовно да вршиме дезинфекција.

Да им даваме точни информации на епидемиолозите, да бидеме одговорни!

За да помогнеме да се пресече патот на вирусот на лекарите им требаат точни податоци. Доколку имаме симптоми на коронавирус, мора веднаш да ги споделиме со епидемиолозите и точно да одговориме на прашањата на епидемиолошката анкета. Ова е најдобар начин да се заштитиме себе, другите околу нас но и сите граѓани.

Само заеднички да го поминеме и овој втор пик на вирусот.

Покрај грижата за здравјето на граѓаните подеднакво се грижиме и за економијата!

Токму затоа Владата предводена од СДСМ донесе мерка за издавање на ваучери за домашен туризам  која е дел од третиот сет на економски мерки за нова развојна македонска економија, а главната цел на оваа мерка е поттикнување на домашната потрошувачка и поддршка на домашниот туристичко-угостителски сектор.

Мерката предвидува сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат за купување домашни производи или во сите угостителски објекти во државата.

Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои немаат месечни приходи поголеми од 15.000 денари и немаат други приходи, според податоците од Управата за јавни приходи.

Граѓаните ваучерите од 6.000 денари за домашен туризам и платежни картички од 3.000 денари ќе можат да ги користат од 15 јули 2020 до 15 декември 2020.

Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени околу 130.000 граѓани, со буџет од 16 милиони евра кој е ставен на располагање за поддршка на домашниот туризам.

На 15 јуни ќе биде пуштена во употреба платформата „Дома си е дома“ за поттикнување на домашниот туризам

Ќе се постави платформа на која сите категоризирани туристичко-угостителски објекти низ државата ќе ги презентираат своите капацитети за сместување.

Граѓаните кои ќе добијат ваучери ќе може да изберат во која од понудите домашни капацитет ќе го поминат својот годишен одмор.

Хотелиерите и угостителите имаат рок од 15 дена, односно до 30 јуни да ја постават својата понуда на платформата со што граѓаните кои што ќе добијат Ваучери ќе може да изберат каде ќе одморат.

Категоризирани угостителски објекти се сите објекти за сместување кои имаат Решение за категоризација вклучувајќи ги и издавачите на соби за сместување и други приватни сместувачки капацитети во нашата држава.

Ова е прилика и сите објекти кои не се категоризирани, да го направат тоа заклучно до 20 јуни за да можат потоа да аплицираат за користење на мерката и нивните понуди да ги прикачат на платформата.

Да го зајакнеме домашниот туризам со што оваа година ќе се одмориме и ќе летуваме дома, во нашата држава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*