Сертификат за општествена одговорност за Општина Делчево

Општина Делчево доби сертификат за општествена одговорност. Како што информира портпаролот Даниела Такева, сертификатот го доделува Здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИААС и истиот е со важност од две години.

-Ова е една од придобивките на Општина Делчево на полето на општествената одговорност, како резултат на извршената анализа на Здружението за општествената одговорност, Со анализата е опфатена грижата за вработените, грижата за околината, посветеноста за напредок на општеството, како и позитивниот пристап во соработка со трети компании, рече Такева.

Како што додаде таа, со овој сертификат Општина Делчево станува дел од семејството на сертифицирани субјекти во земјава.
-Ова семејство брои над 3000 членови кои се во регистерот на сертифицирани компании кои го запазуваат стандардот за општестевна одговорност кој е стандард за систем за управување кој ги одредува перформансите на деловните субјекти во девет области. Тие се од клучно значење за општествената одговорност во работните средини и обезбедува континуирано подобрување во сите области, додаде Такева.

Стандардот за општествена одговорност како што додаваат од Општината, денес поддржува повеќе од два милиони вработени во обезбедувањето етички работни услови преку почитување, дополнување и поддржување законски прописи кои се на сила во секоја земја, а чии принципи се содржани во Универзалната декларација за човекови права и декларациите издадени од Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*