Интензивно се градат првите улици во делчевската населба Басарица

Во тек изградбата на првите улици во делчевската населба Басарица. Увид во текот на градежните работи денес изврши градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој изрази задоволство што се решава голем проблем за жителите од оваа населба кои со децении газеа кал и живееа во прашина.

– Во тек е првата фаза од изградбата на улиците, кои се пробиени и каде моментално се поставуваат рабници и се врши тампонирање по што ќе следува нивно асфалтирање. Конкретно во населбата Басарица се градат 6 улици во должина од 1 километар, односно со овој проект се опфатени околу 80% од уличната мрежа во населбата. Со реализација на овој проект во голема мерка го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните, со што оваа приградска населба ќе прерасне во една урбана средина, како што и доликува, рече Трајковски.

Тој додаде дека претходно се изгради атмосферска канализација со што има целосно одводнување на населбата, а се изгради и фекална канализација на потегот Басарица-село Полето во должина од 2 километри.

-Вредноста на проектот, патна инфарструктура и канализација во населбата е околу 25 милиони денари, додека средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, додаде Трајковски.

Од општината дополнија дека се проектирани и останатите улици во населбата поради што во следниот период ќе се прават напори за комплетно заокружување на инфраструктурните проблеми во населбата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*