Минатата година во периодот од 1 јануари до 10 јуни, во ЈЛБ „Илинден“ биле зачленети 180 читатели. Оваа година и покрај ситуацијата со КОВИД 19 и покрај тоа што библиотеката повеќе од 2 месеци беше затворена, бројот на членови во истиот период од лани, како што информираат од библиотеката изнесува 157 читатели. Од таму велат дека само денес до 12 часот имаме 4 нови членови.
-Овој податок, исполнува со радост, мотивира и не обврзува и понатаму да работине следејќи ги најновите достигнувања во библиотекарството. Да продолжиме да го купуваме се она што е ново и хит во светот на книгите и да стоиме на располагање на нашите членови, секогаш и во секое време.
Се читаме и понатаму. Ќе се потрудиме, секогаш да бидеме подобри од вчера, истакнаа од ЈЛБ ,,Илинден” Делчево.
Leave a Reply