Солзи радосници за крајот на учебната година во Берово

Дека и во време на коронавирус децата знаат да ја покажат својата љубов кон своите наставници денес покажаа дечињата од деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски”, кои на најубав можен начин означија крај на учебната година.

И покрај тоа што годинава крајот на учебната година беше прогласен на мобилнте апликации и телефоните, учениците од 5-то 3 одделение почитувајки ги сите мерки за бебзедност ја поканија својата наставничка Христина Џамбаска на терасата од нејзиниот дом, која пак не можеше да ги скрие солзите од гестот на своите ученици.

За овој настан посведочија администраторите на фејсбук-страницата Берово Метропола, страница која често знае да објави интересни случки од Малешевијата.

Денес е денот кога учениците ја завршуваат учебната година, со радост и тага. Еден убав гест на Четвртматурантите од 5а…

Posted by БЕРОВО – МЕТРОПОЛА on Wednesday, 10 June 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*