Величковски: Помошта преку платежните картички ќе стигне секаде каде што е потребна

На тема Придобивките за граѓаните од платните картички и поддршката која Владата на СДСМ ја дава за ревитализирање на маледонската економија беше темата на денешната прес конференција на Влатко Величковски, престседател на СДСМ Делчево. Интегрален текст од прес конференицијата во продолжение.

Почитувани сограѓани
Владата, предводена од СДСМ обезбедува 28 милиони евра дополнителни финансиски средства, како дел од третиот пакет економски мерки, за ревитализирање на македонската економија и потикнување на економската активност, во услови на коронакриза. Вкупно 324.479 граѓани добиваат домашни платежни картички, за потикнување на приватната потрошувачка и поддршка на македонските производи и услуги. Тоа се 28 милиони евра, пари за граѓаните. Без аплицирање и без дополнителни трошоци. Помошта ќе стигне секаде каде што е потребна 9.000 денари им следуваат на невработени лица, активни баратели на работа и приматели на социјална помош кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 денари од јануари до април 2020 година. (Во оваа категорија 115.927 лица еднократно ќе добијат 9.000 денари на платежната картичка) 3.000 денари ќе добијат вработени лица кои за периодот јануари – април 2020 година оствариле доход до 60.000 денари по основ наплата и надоместоци на плата во нето-износ. (Тоа се 117.144 лица кои ќе добијат 3.000 денари на платежната картичка еднократно) 3.000 денари им следуваат и на средношколци во државнитеучилишта и студенти од 16 до 29 години. (Станува збор за 87.014 лица кои ќе добијат еднократно 3.000денари на платежната картичка) Домашна платежна картичка „Купувам домашно“ ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со COVID-19, сосредства во висина од 40% од последната основна нето-плата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој- зошто секој треба и секој ќе добие поддршка.

Ветивме дека помошта ќе стигне секаде каде што е потребна. Со домашната платежна картичка ќе се помогне на многу наши сограѓани да ја пребродат оваа здравствено – економска криза, предизвикана од коронавирусот. Граѓаните, домашната платежна картичка ќе ја добијат едноставно и без постапки за аплицирање Корисниците ќе ја добијат картичката на домашна адреса или може да се подигне од банката, за истата не се аплицира. Издавање на домашните платежни картички од 18 јули 2020. Искористување на средствата од домашните платежни картички до 15 август 2020. На овој начин за краток временски период ќе се инјектираат висок износ на средства во трговијата на мало и услужната дејност. Ова се мерки за нова, развојна македонска економија, преку кои ќе ја зголемиме потрошувачката и ќе стимулираме заштита, промоција и растна домашната економска понуда. Остануваме посветени на помош и подршка на нашите граѓани и заеднички да ја пребродиме оваа здраствено-економска криза.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*