Сугарески од Делчево: Коронавирусот не ги запре капиталните инвестиции

Реализацијата на капиталните проекти во државата не само што не застана поради корона кризата, туку тие се реализираат со многу силна динамика насекаде и во секој регион. Ова при денешната посета на Делчево го истакна Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој заедно со делчевскиот градоначалник Горан Трајковски извршија увид во инфраструктураните проекти, кои се во тек во општина Делчево.

Во својата изјава Сугарески се осврна на досега реализираното во делчевскиот регион, при што нагласи дека Министерството за транспорт и врски во моментот е фокусирано на изградба на локалната патна мрежа и решавање на проблемите со атмосферската канализација во Делчево.

-Најпрво морам да спомнам дека ја рехабилитиравме речиси целата патна инфраструктура во овој регион, а сега се фокусираме на локалната патна мрежа и на комуналните работи пред се заради подобрување на условите за живеење во општината. Во таа насока Министерството за транспорт и врски започна со реализација на еден проект за изградба на атмосферска канализација во должина од речиси 2 километри. Ова е од исклучително значење за градот, бидејќи конечно го решаваме проблемот со атмосферските води. Вредноста на проектот е 13 милиони денари, рече Сугарески.

Сугарески исто така изврши увид во реконструкцијата на неколку улици во градот, со чија изградба како што додаде, значително ќе се подобрат сообраќајните и безбедносните услови за сите граѓани.

-Тоа што сакам да потенцирам е дека општина Делчево преку Министерството за транспорти врски има на располагање околу 800 илјади евра за изградба и санација на улици. Во првата фаза општината аплицираше за реконструкција на 3 улици. За отприлика два месеци очекувам да го распишеме тендерот бидејќи така е по правилата на Светска банка и веќе наесен да започнеме со реконструкцијата, додаде министерот за транспорт и врски.

Сите овие активности се показател за сериозните инвестиции во регионот, а од друга страна се показател колку оваа Влада предводена од СДСМ е активна на терен, колку многу се работи на терен и уверувам дека инвестициите во инфраструктурата ќе продолжат со исто такво темпо како што и до сега се реализираа, додаде Сугарески во својата изјава во рамки на денешната посета на Делчево.

Со изградбата на атмосферската канализација во Делчево како што посочи градоначлникот Горан Трајковски се решава децениски проблем со кој се соочуваа жителите на населбата Милково Брдо.

-Станува збор за изградба на атмосферска канализација во должина од околу 1,900 метри во населбата и опфаќа изградба на повеќе краци. Проектираната атмосферска канализација треба да прифати дел од атмосферската вода од населбата Милково Брдо која ќе се одведе до веќе изведениот колектор на улица „Светозар Марковиќ“ со испуст во река Брегалница, рече Трајковски.

Финансиската рамка на проектот е 13 милиони денари со пресметан ДДВ, а средствата се обезбедени преку грант од Министерството за транспорт согласно со договорот за проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ кој е финансиран од Европската инвестициска банка.

За останатите проекти планирани за реализација во изјавите во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*