Милевски: Над 50 милиони евра инвестирани во селата за специфични потреби

Околу 50 милиони евра е моменталната поддршка која Министерството за локална самоуправа ја дава како поддршка за селските средини во изминатиот период. Ова од Делчево го истакна Министерот за локална самоуорава Горан Милевски, кој рече дека и покрај здравствената криза, проектите за специфични потреби во руралните средини не застануваат.

-Овој период иако се одземаа средствата заради кризата, успеавме како Министерство да заштедиме над 50 милиони евра и повторно да ги инвестираме во селата за специфични потреби. Денеска тука е и поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски, со чие залагање во неговиот мандат, преку Платежната агенција навистина се обезбедија значителни средства за поддршка на селските средини за изградба и реконструкција на патишта, рече Милевски.

Милевски како што додаде, очекува со исто темпо да продолжи реализацијата на проектите и по изборите.

-Ако со ова темпо со своите програми продолжат сите министри, ако инвестираат во своите подрачја ќе направиме успех. Еден човек сам не може ништо да направи, како што овде во Делчево не може сам градоначалникот ништо да направи, ако не е заедничката поддршка. Со една заедничка работа, се надевам и после изборите, ќе продолжиме да работиме на капитални проекти, додаде министерот Милевски.

Меѓу таквите капитални проекти Милевски ги напомена изградбата на зелениот пазар во Делчево, кој според проектираното ќе биде еден од најмодерните на ова подрачје, како и изградбата на градската капела која е во завршна фаза.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*