Пуштен во употреба првиот пешачки мост во Делчево

Пуштен во употреба првиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево. Како што истакна Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, изградбата на мостот со години беше ставан како приоритет на граѓаните на форумските сесии. а денес истиот е реалност благодарение на поддршката од Министерството за локална самоуправа на Р.С. Македонија и Бирото за регионален развој.

-Едно од најголемите барања на форумите кои ги организираме ние и Швајцарската развојна агенција беше токму изградбата на овој мост и мене ми е мило што сме сведоци на неговото пуштање во употреба. За негова изградба инвестирани се 8,2 милиони денари од кои 60 проценти се средства од Министерството за локална самоуправа, а останатите 40 проценти ги обезбеди градот Делчево, рече Милевски.

Првиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево, како шпто истакна градоначалникот на Делчево Горан Трајковски е од огромно значење за жителите од стариот дел на Делчево, бидејќи со ставањето во функција на мостот, ќе се зголеми безбедноста на пешаците, а на граѓаните ќе им бидат значително поблиску повеќе институции.
-Со ставањето во функција на мостот, ќе се зголеми безбедноста на пешаците и ќе им бидат значително поблиску повеќе институции, како детската градинка, ООУ „Ванчо Прке“, Општина Делчево, градскиот пазар и сите фабрики кои се наоѓаат во индустрискиот дел во градот. Изградбата на мостот има и дополнителна вредност, бидејќи Општина Делчево има дополнителни инвестиции за изградба на пристапни рампи и пристапна улица со која се поврзуваат локалните институции, а неговата изградба е во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда“. рече Трајковски.

Драгица Здравева, директорка на Центарот за развој на Источно-планскиот регион преку која се градеше мостот се заблагодари на успешно завршената работа за овој значаен линиски објект за Делчево.

-Изразувам задоволство што и изведувачот на работите компанијата „Жикол“, со вклучување на стручните луѓе од Центар и од Општина Делчево, се почитуваа сите градежни просписи и очекувам во иднина со дополнителни проекти да помогнеме во развојот на Општина Делчево, рече Здравева.

За граѓаните мостот е од огромно значење особено за работниците кои побргу ќе стигнат до своите работни места.
-Мостот ќе им биде под помош на работниците кои побргу ќе стигнат на работа и нема да доцнат, истакна граѓанин на Делчево.

-Мене ќе ми помогне да стигнам побргу до другата страна на реката каде живеат моите внуци, додава жител на Делчево.

За доизградба на пристапните рампи за лица со попреченост и двете улици во близина општината обезбеди 3 милиони денари со што проектот за изградба на првиот пешачки мост беше заокружен.

Пуштен во употреба првиот пешачки мост во Делчево

Пуштен во употреба првиот пешачки мост во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 13 June 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*