Зголемен број на влекачи во каменичкиот регион

Зголемен број на влекачи во каменичкиот регион. Влекачите биле забележани во атарот на селата Саса и Луковица, од кои како што информираат жители на селата, најголем дел од нив биле смокови долги близу 2 метри.

-Неканет гостин долг 1,87 сантиметри ни правеше проблем цел месец. Најчесто бараше храна која не бираше место од каде да ја земе, поради што од него беше растревожено целото соседство. Сепак, на крај моравме да интервенираме и да ставиме крај на ваквата појава, со тоа што смокот го фативме, вели жител на село Саса.

Вториот ,,ѕвер”, како што дојавија жители на село Луковица е фатен во текот на денешниот ден.

-Смокот го забележавме во близина на кошници за пчели над браната Калиманци во село Луковица. Истиот беше со жолта боја и доста долг и навистина претставуваше опасност за дечињата кои си играа во близина. Оваа година во повеќе наврати имаме забележани змии и смокови, но ова е прв пат да се искачат толку високо над езерото, истакнаа жители на Луковица.

Жителите додаваат дека во период кога времето е топло и спарно, овие животни се почесто ги има во природа. Тие препорачуваат дека при прошетка во природа мештаните да носат со себе стапови, но притоа да не ги напаѓаат намерно, туку да ги употребат доколку влекачите нападнат

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*