По скринингот за Ковид-19, негативни сите тестови на вработените во детската градинка во Делчево

Во детската градинка ,,Весели Цветови” нема ниту еден позитивен случај на Ковид-19, по извршениот скрининг на вработените од страна на Центарот за јавно здравје. Од градинката информираат дека во рамки на скринингот беа опфатени вкупно 58 даватели на услуга во градинката.

-Општинската јавна установа Детска градинка ,,Весели Цветови” Делчево во рамките на скринингот на вработените во градинките имаше 58 тестови за Ковид-19 и на наше задоволство можеме да кажеме дека сите 58 теста на вработените се негативни. Скринингот кој се правеше со ПСР-тестови имаше за цел да се идентификуваат асимптоматските носители на вирусот, односно луѓе кои се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми. Конкретно во нашата установа беше извршен врз воспитувачи, негователи, помошен технички и административен персонал без притоа да има позитивен случај, истакнаа од ОЈУДГ ,,Весели Цветови”.

Во изминатиов период извршена е комплетна дезинфекција на детската градинка во Делчево, а како што додадоа од градинката заштитата од заразата ќе продолжи со тековно преземање мерки согласно со протоколите на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*