,,Ја би Берово” – прво движење на млади хумани мисионери во Македонија

Во Берово формирано првото движење на млади хумани мисионери. По примерот на ,,Ја би” движењето во Србија, ,,Ја би Берово” е помеѓу првите ,,Ја би” страни, кои како што велат младите мисионери се креирани со цел луѓето, а особено младите да се потсетат како го живееле животот пред да се појави корона вирусот.

-Ова движење се појави во едно по различно време за сите нас, време во кое никогаш претходно светот не бил во ваква состојба. Корона вирусот го смени нашиот свет до степен за кој никој не можеше ни да замисли. Оваа светска криза е од библиски пропорции и животот никогаш повеќе нема да ни биде ист. Тоа што не прави поразлични од другите е тоа што ,,Ја би Берово” не е само страна која укажува како да го живееме животот, туку сме тука за да дадеме насока за тоа како треба понатаму да продолжиме да живееме, затоа што животот продолжува без разлика на ситуацијата во која се наоѓаме и наша должност е да го подобруваме секојденевно на било каков начин, велат од ,,Ја би Берово”.

Меѓу првите активности кои движењето ,,Ја би Берово” ги организираше со цел подобрување на животот во општеството, се неколкуте хуманитарни акции кои започнаа и траат веќе неколку недели.

-Наша цел е да помагаме на најзагрозените семејства преку донирање од човек за човек на било какви предмети, апарати за домаќинство, храна, облека и се што на некој не му е потребно или сака да се ослободи од тоа, а може да се даде на некој на кој може да му биде од корист, додаваат младите хуманисти од Берово.

Младите хуманисти се сигурни дека сите заедно можеме да изградиме подобар живот, подобро општество без поделби и разлики.

-Доста чекаме некој друг да направи нешто за нас, некој друг да ни го подобри животот, за жал тоа не постои сите ние мораме да направиме промена и да започнеме да се прашуваме како може да направиме да биде подобро, како можеме да помогнеме на некој, како можеме самите да си помогнеме. Тоа се прашања кои сите мораме да си ги поставуваме, додаваат од ,,Ја би Берово”.

Според нив решавањето а не бегањето од проблемите е начин на подобрување на животот.

Во продолжение линк од неколкуте реализирани активности на ,,Ја би Берово”.

Прво сакаме да се заблагодариме на донацијата која што пристигна од Швајцарија од наш сограѓанин. Со оваа донација имаме…

Posted by Ја Би Берово on Tuesday, 19 May 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*