Прв уписен рок во делчевската гимназија „Методи Митевски – Брицо“

Во прва година за следната учебна година делчевската гимназија „Методи Митевски Брицо“ вкупно на располагање има слободни места за 222 ученици. Денешниот почеток на првиот уписен рок во Делчево започна во најдобар ред, а како што информираа од делчевската гимназија за учебната 2020/21, учениците ќе бидат распределени во 8 паралелки. 

Уписите, како што информираше професор Соња Трајковска течат во најдобар ред, со запазување на предвидените протоколи.

-Учениците се запишуваат по азбучен ред. Овде се запишуваат во гимназиски паралелки во оваа училница, имаме добар одзив моментално, очекуваме така и да продолжат уписите во прва година гимназија, истакна Трајковска.

Според предвиденото во првиот уписен рок во прва година во делчевската гимназија наставата е предвидено да се одвива во 5 паралелки за вкупно 170 ученици во гимназиско образование, 2 паралелки со вкупно 68 ученици се предвидени за текстилно кожарска струка и 1 паралелка со 34 ученици, за хемиско-технолошка струка. при што како што информираат од гимназијата за текстилната и хемиско технолошката струка, предвидени се по два образовни профили.

За учениците кои ги затекнавме на првиот уписен ден делчевската гимназија е одлично место за унапредување на своето образование.

-Добра гимназија, добри професори од кои мислам дека многу ќе научиме. Конкретно јас ќе се запишам во општа гимназија, хуманистичко подрачје, истакна ученичката Софија Дончевска.

-Јас ќе се запишам во природно-математичко подрачје, бидејки е тоа она што го сакам. Во однос на нашата гимназија сметам дека е добро место каде учениците треба да го продолжат своето образование, рече ученикот Ѓорѓи Диковски.

Првото пријавување и запишување на учениците е предвидено и утре 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

Прв уписен рок во делчевската гимназија

Прв уписен рок во делчевската гимназија

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, 16 June 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*