По вториот ден од првиот уписен рок во прва година во Делчево најмногу интерес за гимназиско образование

По вториот ден од првиот уписен рок во средните училишта, во делчевската гимназија „Методи Митевски – Брицо“ најголем интерес учениците покажаа за гимназиско образование. Според професор Роберт Цветковски во неколкуте подрачја од гимназиско и природно-математичко подрачје се запишани вкупно 77 ученици.

-По вториот ден од првиот уписен рок  имаме 44 ученици кои се запишани во општа гимназија, додека 33 ученика во природно-математичко подрачје. Останатите 11 ученици се запишани во текстилната и хемиско-прехранбена струка, информира Цветковски.

Уписите како што додава тој се одвиваат во најдобар ред, согласно протоколите и по азбучен ред од презимето на секој ученик.

-Задоволни сме од одзивот во првиот уписен рок. До некаде 13 часот од очекуваните 111 ученици значи запишани се 89 што споредбено со првиот уписен рок од минатата година е подобра бројка. Се надеваме дека денес до 19 часот таа бројка ќе биде зголемена, додава Цветковски.

Од делчевската гимназија додадоа дека за учебната 2020/21, предвидено е учениците да  бидат распределени во 8 паралелки. Во прва година за следната учебна година делчевската гимназија „Методи Митевски Брицо“ вкупно на располагање има слободни места за 222 ученици.

По вториот ден од првиот уписен рок во делчевската гимназија наголем интерес за гимназиско образование

По вториот ден од првиот уписен рок во делчевската гимназија наголем интерес за гимназиско образование

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 17 June 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*