Пекевски: Патната инфраструктура во Берово и Малешевијата подобрена како никогаш досега

И во услови на пандемија градиме по план, современа инфраструктура за современа држава. Ова го истакна беровскиот градоначалник Звонко Пекевск кој додаде дека и во вонредни околности, во услови на пандемија не запира градежената офанзива.

-Се гради низ целата држава, низ сите региони, се гради во Берово и Малешевијата како никогаш досега. Се движиме сите низ Берово, низ Малешевијата, низ државата, лесно е да види и забележи колку патишта се изградени, реновирани, реконструирани и колку се од корист на сите граѓани. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е новото нормално, на овој начин и помагаме на економијата во многу важен период, рече Пекевски.

Тој наброи неколку улици кои во мандат од 3 години се направени, реконструирани, реновирани, почнати целосно одново.

-Тоа се улиците:

Улица „Плачковица“ – калта заменета со бехатон плочки

Улица „Јуриј Гагарин“ – целосна реконструкција на улицата во должина од 210 метри.

Улицата „23 Август“ неодмна блесна и донесе нов сјај и убавина на центарот на Берово

Улицата „Моша Пијаде“ село Русиново се реконструира.

Улицата „Број 3“ во село Мачево се реконструира.

Улицата „Прохор Пчински“ – калта заменета со бехатон плочки

Улицата „Којова Ливада“ – асфалтирана во должина од 380 метри

Улицата „Гоце Делчев“ – Русиново асфалтирана во должина од 450 метри

Улицата „Моја Пијаде“ – Берово, целосно асфалтирана 1450 метри

Во село Смојмирово асфалтирававме улица од регионалниот пат до црквата.

Асфалтирани во Берово улиците Малешка, Бел Камен, Марксова, Карпош, Крушевска Република и Ѓуро Ѓаковиќ.

Асфалтирана улицата „Борис Кидрич“ во Берово.

Асфалтирана уливата „„Димитрие Туцовиќ“, во Берово

Поплочена со бехатон плочки уличката „Јане Сандански“.

Реконстуиран патот Берово – Клепало, го чекаме финалното завршување на последната делница од страна на Р. Бугарија за да може да се пушти граничниот премин. И уште многу други, додава беровскиот градоначалник.

Ниеден единствен денар дополни Пекевски не е отиден погрешно, на стиропор или гипс картон за барок кој на никој не му е потребен.

-Инвестициите во инфраструктурата се важни не само за брз и безбеден сообраќај, важни се затоа што отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на сите граѓани.
Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1500 км постоечки патни правци. Досега, изграден и пуштен е во употреба автопатот Миладиновци-Штип, а патните правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно пуштени во употреба во следниот период. Градиме за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, градиме за секое населено место да е подобро поврзано со останатите, градиме за да обезбедиме силен локален економски развој. Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта, трошоци за санирање на штетите, но тоа не не обесхрабри. Напротив, ние со спротивен пристап, со домаќински, чесен и одговорен, европски однос инвестираме во најнеопходните работи за современа држава – инфраструктура за сите. Инвестираме во иднината и во самоодржливоста. Инвестираме во се она што е важно за граѓаните и државата, дополни Пекевски.

Да ја видиме и признаеме разликата.
Ветуваме дека Можеме и подобро, можеме и Повеќе, истакна градоналникот на Берово во својата објава на фејсбук.

Патната инфраструктура во Берово и Малешевијата подобрена како никогаш досегаИ во услови на пандемија градиме по план,…

Posted by Звонко Пекевски on Sunday, 21 June 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*