Некогашната мини депонија кај стариот градски пазар во Делчево партерно преуредена

Заврши партерното уредување на просторот кај стариот градски пазар во центарот на Делчево. Со реализација на оваа активност како што информираа од Јавното комунално претпријатие ,,Беегалница” чии екипи работеа на уредувањето, просторот доби нов лик наспроти поранешниот изглед на мини депонија.

-Екипи на ЈКП „Брегалница“ во изминатиот период интензивно работеа на партерно уредување на просторот со површина од 220 м2.  Со механизација и рачно се раскопуваше стариот бетон и плочките кои беа доста оштетени, а на нивно место се поставија бехатон плочки, информираат од претпријатието.

Дополнително како што додаваат просторот е разубавен и хортикултурно.

-Во делот на хортикултурното уредување засадени се садници, цвеќиња, поставена е урбана опрема, со што целосно е уреден овој простор, додадоа надлежните.

Претходно на оваа локација беа санирани и оштетените скали наменети за поврзување со главната улица „Маршал Тито“.

Кога ништото ќе заличи на нешто!📷Н. Поповска

Posted by delcevo365.mk on Sunday, 21 June 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*