
Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево се збогати со уште едно дело од роднокраен автор. „Не правете им сенка на гробовите“ од авторката Дијана Петрова е книгата која од денес, како што информираше директорката Билјана Петровска, ќе биде дел од роднокрајното одделение на библиотеката.
-Збирката „Не правете им сенка на гробовите“ е обид да се натераат читателите да го забележат она што вообичаено им се искраднува од погледот. Преку отелотворување на седумте смртни гревови во тела и во дела, овие раскази длабоко допираат до нашите сетила и свест. Честитки до Петрова за ова дело за кое се надеваме дека ќе го побуди интересот кај делчевската публика, рече Петровска.
Делчевското роднокрајно творештво неодамна го доби и својот прв алманах. Алманахот носи наслов ,,Творам постојам” и во него е сместено творештвото на 20 роднокрајни автори.
Leave a Reply