Внатрешно ќе се уредува третата ламела од Домот за стари лица во Берово

Со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, а преку Центарот за развој на источно плански регион, внатрешно ќе се уредува Третата ламела од Домот за стари лица во Берово.

За реализација на оваа активност како што информираше градоначалникот Звонко Пекевски, Општина Берово претходно учествуваше на регионални форуми во заедницата, кои ги спроведува Центарот за развој на источно плански регион .

-Форумскиот процес е прекинат, заради состојбата со КОВИД 19, направен е исклучок во процесот, а заради продолжување со проектните активности, на регионалните форуми, донесена е одлука, да не се одржат преостанатите сесии, односно да се прифатат дефинираните пет предлог идеи, од предложените проекти на првата и втората форумска сесија. Комисијата, одговорна за евалуација на проектите, составена од двајца членови од Швајцарската амбасада, два члена од Министерството за локална самоуправа и еден член од кабинетот на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, одлучи средствата во износ од 6.873.571,00 денари, од кои 3.505.143,10 се од Швајцарската агенција за развој и соработка, а останатите 3.368.427,90 од Министерството за локална самоуправа, да ги додели на Општина Берово, за Внатрешно уредување на третата ламела од Домот за стари лица, информираше градоначалникот Звонко Пекевски.

Во целокупниот финанскиски круг, како што додаде тој, општината ќе учествува со буџетски средства, во износ од 426.908,00 денари.

-Во меѓувреме, општинската јавна установа за стари лица, заврши со активностите за реконструкција на третата ламела и истата е целосно подготвена, со комплетна проектна документација, да ги користи одобрените средства. Со внатрешното уредување на третата ламела, ОЈУСЗСЛ ,,Др. Иван Влашки” во Берово, ќе обезбеди 10 нови легла за корисниците и ќе прерасне во уште по сериозна општинска установа, а новите корисници ќе донесат и нови вработувања во установата, со што општината и источниот регион ќе имаат голем социјален но и економски бенефит, додаде беровскиот градоначалник.

Еве како изгледа објектот по извршената реконструкција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*