Пехчевци го чистеа резервоарот за вода кај Спиково

Група граѓани од Пехчево го исчистија селскиот резервоар во селото Спиково. Активноста, како што информираше Марјан Митриновски од Пехчево се реализира двапати годишно, а во рамки на истата е извршена и дезинфекција на резервоарот.

-Се работи за резервоар кој има три крака, кои одат до викенд куќите и нивите на Спиковци. Водата е чиста изворска и во резервоарот доаѓа од Црнодолска река. Сепак и покрај тоа заради одржување на резервоарот си зададовме задача двапати годишно да го чистиме, како и да извршиме негова дезинфекција, информираше Митриновски.

Откако во селото се вратија жители, пехчевското село Спиково, како што додаде Митриновски, пред неколку години повторно се запиша на картата на населени места во Пехчево.

-Резерворарот се наоѓа на надморска висина од 1400 метри и е од голема помош на самите жители кои полека започнаа да враќаат на своите имоти. Овде се одгледуваат пчели, се обработуваат насади, така што станува збор за живописен предел кој некогаш броел и до 500 жители, додава Митриновски.

Селото своевремено ја организираше и познатата „Спикијада“, која годинава поради вирусот изостана. Следната акција за дезинфекција и чистење на резервоарот, како што информираа мештаните е планирана за наесен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*