ИЗБОРИ 2020: Претставници на ДИК на средби со членови на ОИК Делчево

Со цел увид во организацијата на претстојните предвремени парламентарни избори, денес претставници на Државната изборна комисија, посетија неколу Општински изборни комисии на крајниот Исток.

Претставникот на Државната изборна комисија Јанаќе Витановски истакна дека ДИК е подготвена да спроведе избори, во кои граѓаните ќе бидат заштитени, согласно здравствениот протокол утврден од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

-Како член на ДИК денес посетив неколку изборни комисии во Источна Македонија, меѓу кои и општинската изборна комисија во Делчево. Разговараме за организација на Предвремените парламентарни избори 2020, за кои годинава новина е тоа што се гласа три дена на 13, 14 и 15 јули со тоа што на 13 јули ќе гласаат лицата кои се позитивни на КОВИД-19, на 14 јули гласаат болните и немоќни лица, додека на 15 јули ќе гласаат сите останати граѓани во државата, истакна Витановски.

Главен акцент на средбите како што додаде е ставен на обезбедувањето соодветен простор за гласање, кој ќе овозможи непречено движење на граѓаните, како и нивна заштита согласно здравствениот протокол препорачан од Комисијата за заразни болести.

-Одговорно тврдам дека раѓаните ќе бидат заштитени, како од почетокот, така до крајот на гласањето. Проблеми немаме, но морам да нагласам дека ова е голема работа и за Државната изборна комиција и за граѓаните. Треба да бидеме свесни дека секој треба да се заштитува сам лично, а ДИК ќе направи се, граѓаните да бидат заштитени во овој процес на избори, додаде Витановски.

Како што дополнија од Општинската изборна комисија, до крајот на месецот во Делчево ќе се спроведе најавената едукација со членовите на избирачките одбори, за што самите членови телефонски ќе бидат известени за времето и местото на одржување на обуките.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*