Првиот ден од отворањето на граничните премини, на граничниот премин Делчево минува без поголема сообраќајна фреквенција. Од утрово како што информираат надлежните, непречено функционира товарниот сообраќај додека патничкиот сообраќај е ралативно слаб.
-На нашиот граничен премин е релативно мирно, во однос на сообраќајот непречено функционира товарниот сообраќај, додека движење и поминување на границата со патнички автомобили речиси и да нема, велат од Граничен премин Делчево.
Од таму додаваат дека најчесто границата се поминува транзит и од страна на студенти кои учат на факултетите во Бугарија.
-Има случаи на поминување на границата на возила кои одат до аеродром и притоа мора за 24 часа да транзитираат низ Бугарија, како и од страна на студенти, но генерално состојбата е мирна. додаваат надлежните.
Бугарските државјани се едни од најчестите посетители на погранично Делчево, но поради памдемијата со коронавирус во изминатите 4 месеци нивниот број како туристи е сведен на минимум.

Leave a Reply