Партиите во Делчево на заеднички состанок ќе ги дефинираат местата за истакнување изборни плакати

Партиите во Делчево заеднички ќе ги договараат локациите за истакнување изборни плакати, по повод претстојните Предвремени парламентарни избори 2020. За таа цел, во текот на денешниот ден ќе се одржи состанок со партиите, поради што од општината упатија апел, нивни членови да присуствуваат на средбата.

-Врз основа на член 78 од Изборниот законик, а согласно Одлуката за определување на места за истакнување на изборни плакати во општина Делчево, упатуваме повик и покана до политичките партии да земат учество на состанокот кој има за цел да го одреди местото за истакнување на изборни плакати за секоја политичка партија. Состанокот ќе се одржи на ден 26 јуни 2020 година (денес), со почеток во 14 часот, во просториите на Мултифункционалниот центар во Делчево, информираа од општината.
Средбата, како што додадоа ќе се реализира согласно мерките и препораките за заштита од вирусот КОВИД-19.

-Претставниците на политичките партии согласно мерките препорачани од Владата на РСМ за заштита и превенција од коронавирус, имаат обврска на овој состанок задолжително да носат заштитна маска и притоа за време на неговото одржување да ја почитуваат потребната дистанца, додаваат од Општина Делчево.

Според предвиденото, како што дополнија од општината определувањето места за истакнување изборни плакати ќе се реализира на принципот на влечење ждрепка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*