Во првиот квартал од 2020 година извршувањето на општинскиот буџет во Делчево изнесува 17, 8 %

Извршувањето на буџетот на општина Делчево за првиот квартал од 2020 година изнесува 17, 8 проценти. Како што истакна Шабан Багашов, раководител на секторот за финансиски прашања, од вкупно планираните 353, 4 милиони денари извршувањето на буџетот во првиот квартал од 2020 година изнесува 62, 8 милиони денари.

-Од нив во основниот буџет од планираните 110,8 милиони денари, реализирани се 18,9 милиони, или 26 проценти. Во однос на даночните приходи општината од предвидените 35,9 милиони денари, наплатила 20,5 милиони денари, кај донациите таа бројка изнесува 2,8 милиони од планирани 20,5 милиони денари, додека кај самофинансирачки дејности досега реализирани се 2 милиони денари од вкупно 16,3 милиони денари или вкупно 26 проценти, информираше Багашов.

На советничко прашање на што се должи ниската наплата во првиот квартал од годината, Багашов со одговор:

-Се работи за прво тримесечје, секогаш првото тримесечје е со низок процент на реализација и на приходи и на расходи. Оставрувањето на приходите обично е најголемо во второто и третото тримесечје, тогаш имаме дистрибуција на решенија за данок на имот, решенија за фирмарини и слично, кога тие обично се дистрибуираат до корисниците. За расходите ние во овој момент го прикажуваме само плаќањето односно реализацијата, поради што и состојбата е таква каква што е, рече Багашов.

Со одлука на делчевскиот совет, општина Делчево денес го преотстапи во владение на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“, возилото за чистење и метење улици, кое неодамна беше набавено за подобрување на комуналната хигиена во градот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*