Делчевските советници ја поддржаа одлуката за набавка на ново противпожарно возило

„Набавка на противпожарно возило“ е приоритетниот проект за кој делчевските советници на 41-та седница донесоа одлука со која даваат поддршка и согласност на Општина Делчево да користи средства кои ќе бидат обезбедени во рамки на грантот од Проектот за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), Компонента В: Грантови за успешност. 

-Износот на Грантот за успешност е во зависност од вредноста на успешно реализираните подзаеми за имплементација на проектот „Подобрување на јавните општински услуги во Општина Делчево-Реконструкција на општински улици“, а вкупната проектирана  вредност на приоритетниот проектот за набавка на ново противпожарно возило e 7,4 милиони денари со вклучен ДДВ. Грант – средствата кои се обезбедени од Компонента В: Грантови за успешност се во висина од 7,1 милион денари додека општина Делчево како сопствено учество треба да обезбеди средства во висина од 300 илјади денари, истакна Тони Стоименовски кој ја образложи одлуката пред делечвските советници.

За оваа одлука позитивно се изјаснија сите 15 советници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*