Детската градинка „Весели Цветови“ ги укина материјалните трошоци за престој во градинката

По претходно разгледување и усвојување на седница на Управен одбор, директорката на делчевската градинка Билјана Симовска денес пред делчевските советници побара усвојување на одлуката за ослободување од надоместокот на трошоците за престој во градинката за оние дечиња чии родители имаат потпишано договор со установата.

Причината како што истакна Симовска е тоа што дечињата за време на коронакризата не посетуваа градинка, а родителите беа обврзани да плаќаат 521 денар како материјален трошок, што сега со новата одлука се укинува додека трае здравствената криза.

-На мое барање во консултации со Министерството за труд и социјална политика, а во согласност со законската регулатива и статутот на детската градинка, беше свикана седница на Управен одбор, каде што едногласно сите членови донесоа одлука за ослободување од надоместокот на трошоците за престој во установата, што паѓа на товар на родителите. Во време кога децата не одат во градинка, 521 денари се плаќаат материјални трошоци согласно договорот кој го склучуваат родителите со установата, меѓутоа сите сме свесни за актуелната состјба за кризата поради КОВИД-19 и како што кажав на седницата се донесе одлука сите родители да бидат ослободени од плаќање на било какви трошоци, се до повторното отворање на градинката, истакна директорката Билјана Симовска.

Согласно со oдлуката, надоместокот на трошоците за престој во Детската градинка „Весели Цветови“, нема да се наплаќа од април 2020, т.е. од затворањето на градинката поради пандемијата со КОВИД-19, па сè до нејзиното повторно отворање. Оваа одлука беше усвоена едногласно од страна на сите советници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*