Избори 2020: Во Делчево продолжуваат обуките за членовите на избирачките одбори

Во Делчево продолжуваат обуките за членовите на избирачките одбори, кои поради здравствената пандемија беа прекинати во месец март. Сертифицираниот обучувач при Државната изборна комисија Сања Митревска истакна дека целта е учесниците да се запознаат со новите обврски кои членовите на избирачките одбори ги имаат за спроведување на изборите во услови на пандемија.

-Од денес продолжуваат обуките за членовите на избирачките одбори кои се спроведуваат од страна на Државната изборна комисија. Целта на овие обуки е, не само стекнување на знаења за правилно и законито спроведување на изборниот процес, туку и за прв пат оваа година во услови на пандемија да се осознааат здравствените мерки и протоколи при спроведувањето на овие избори, истакна Митревска.

 Обуките како што додаде Митревска, ќе се спроведуваат и во наредните два дена.

-Денес спроведуваме две обуки во Делчево, а со членовите на избирачките одбори ќе имаме обуки и во текот на наредните два дена, додаде Митревска.

Како што додадоа од Општинската изборна комисија, во секоја група ќе бидат опфатени најмногу по 30 учесници кои се членови на избирачките одбори.

Претходно, во посета на Општинската изборна комисија беа членови на ДИК, кои заеднички констатираа дека ќе се направи се, изборниот процес да биде безбеден, како за гласачите, така и за сите инволвирани во неговото спроведување.

Продолжуваат обуките за членовите на избирачките одбори за предвремените парламентарни избори 2020

Продолжуваат обуките за членовите на избирачките одбори за предвремените парламентарни избори 2020

Gepostet von delcevo365.mk am Montag, 29. Juni 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*