И годинава првенците на генерацијата ќе добијат општински стипендии

Продолжи праксата на доделување стипендии за првенците на генерацијата во трите делечвски училишта. На денешната седнциа на Советот на општината усвоена беше одлуката за издвојување на вкупно 63 илјади денари, средства кои како што истакна советникот за образование при општина Делчево, Ванчо Новоселски во период од девет месеци ќе бидат распределени за првенците на генерацијата во деветтолетките „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“ како и Средното општинско училиште „Методи Митевски Брицо“.

-Стипендиите се доделуваат во период од 9 месеци по 3000 денари за првенецот на генерацијата во СОУ „М.М.Брицо“, додека во деветолетките „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“, првенците на генерацијата ќе добиваат 9 месеци по 2000 денари. Овие средства се одвојуваат од буџетот на општината, истакна Новоселски.

Во рамки на оваа точка имаше предлози од страна на опозицијата, на што со одговор излегоа советниците од владејачката партија.

Образложувањето на Новоселски и останата дискусијата погледнете ја во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*