Ќе се определуваат заштитни зони за акумулацијата „Лошана“

Донесена Одлука за утврдување потреба од определување заштитни зони, заштитни мерки и други услови за водите наменети за консумирање од човекот за акумулација „Лошана“.

Со Одлуката како пшто истакна Татјана Стојковска, виш соработник за заштита на животната средина, се задолжува ЈКП „Брегалница“ да поднесе барање до Владата на РСМ, за донесување Одлука за определување заштитни зони околу акумулација „Лошана“.

-Исто така потребно е да се достави елаборат за одредување на границите на заштитните зони, заштитните мерки и други услови за водите наменети за консумирање од човекот. Потоа од кога ќе се добијат сите потребни дозволи и документи, акумулацијата ќе биде оградена, ќе бидат поставени информативни табли и предупредувачки знаци со што ќе има строго контролиран пристап до акумулацијата, рече Стојковска

Еве го нејзиното излагање:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*