Херои на денот: Делчевските пожарникари спасија куче пропаднато во 10 метарски бунар

За херои на денот денес ги прогласуваме делчевските пожарникари кои во пожртвувана акција спасија куче паднато во 10 метарски бунар, на улица ,,Булевар Македонија” во Делчево. За акцијата посведочија жители од улицата кои информираа дека во истата учествувале тројца пожарникари кои за неполни два часа успеале да го спасат невиното животно.

-Бунарот беше длабок околу 10 метри и само присебноста на пожарникарите го спасија кучето од најлошото. За успешно спроведување на акцијата беше искористена скала од јажиња, по која еден од пожарникарите се спушти и го извади животното од длабокиот бунар, сведочат жителите од улица Булевар Македонија.

Заблагодарувајки им се на пожарникарите за успешно спроведената акција, тие додаваат дека истата била опасна само по себе, бидејки опремата која ја поседуваат пожарникарите била стара, а и условите во дворот каде се одвивала спасувачката мисија биле лоши поради обрасната трева во дворот. 

Сепак како што додаваат на крајот на голема радост на сите се завршило во најдобар ред.

Еве дел од фотографиите кои ни ги пратија наши читатели за време на оваа акција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*