Во крстилницата Св.Наум во Делчево одржана црковна служба во чест на својот патрон

Утрово во Делчево беше одбележан летниот празник посветен на Свети Наум Охридски Чудотворец. Во рамки на одбележувањето  се одржа утринска литургија на која присутвуваа мал број верници кои ги почитуваа препораките за заштита од вирусот КОВИД-19.

Богослужбата се одржа во крстилницата посветена токму на „Св.Наум“, која како дел од големата црква „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево е осветена во 2013 година и од тогаш до денес во неа секоја година се служи литургија во чест на ученикот на сесловенските браќа.

Во крстилницата освен за својот патрон се служат богослужби и за сите останати празници кои порано се служеа во старата црква „Успение на Пресвета Богородица“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*