Заврши пријавувањето за најубаво уреден двор во Делчево

Тринаесет дворови во Делчево учествуваат во изборот за најубаво уреден двор. Пријавувањето по Jавниот конкурс заврши на 30 јуни, а по завршување на изборниот процес, како што информираат од општината, комисија составена од стручни лица ќе ги посети дворовите и ќе избере најубаво уреден двор во Делчево.

-И оваа година најубавиот двор ќе се избира во две категории, индивидуално домување и колективно домување или правни лица. Целта на оваа акција е сите заедно да придонесеме за поубаво Делчево, но и Општината да ги награди граѓаните и фирмите за улогата во разубавувањето на градот, а од друга страна и да се мотивираат граѓаните на Делчево да дадат свој придонес за разубавување на градот и за што повеќе зелени површини и хортикултурни креации, информираа од општината.

За сопствениците за најдобро уредени дворови, како што додадоа обезбедени се парични награди во износ од 10.000 денари и за двете категории за индивидуално домување и колективно домување или правни лица.

Изборот на најубаво уреден двор во Делчево се реализира трета година по ред, а се спроведува во рамките на кампањата „Заедно до поубаво Делчево“. Активноста како што додаваат надлежните се реализира согласно со Програмата за промоција и комуникација со јавноста, под мотото дека секој индивидуалец или институција и фирма со својот труд и креација за уредување на дворните површини придонесуваат за поубаво Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*