Дека големината на човекот се познава по неговите дела уште еднаш се покажа со примерот на делчевскиот пожарникар Лоренцо Трајановски.
Имено, откако пред нецели два месеци изгоре дел од куќа на улица Првомајска во Делчево, Трајановски кој учествуваше во гаснењето по пожарот тогаш најави дека без никаков надомест ќе ја реновира опожарената соба на унесреќеното семејство.
Денес сме сведоци дека тоа навистина се случи, а за тоа говорат фотографиите кој тој ги сподели на својот фејсбук профил.

Трајановски се заблагодари за поддршката на својата екипа (Станче Темелков и Иван Пешевски) кои заедно работеа во изминатиот период и внесоа ведрина во домот на семејството, на кое во пожарот им изгоре и дел од покуќнината.
Примерот на Трајановски нека биде поттик да се помага на секој човек во тешки моменти, бидејки не е секогаш се во парите, туку хуманоста е вистинската човечка вредност.
Повеќе за хуманиот чин на Лоренцо на линкот подолу
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3539983046012404&id=100000022303703
Leave a Reply