Носителот на листа од Левица Борислав Крмов од Делчево најави поголеми права за текстилните работнички

Носителот на листата во ИЕ 3 од Левица, Борислав Крмов денес при посетата на своето членство и граѓаните на Делчево, по претстојното како што рече влегување на Левица во парламент, најави поголема поддршка за работничките права, особено за текстилниот сектор каде, како што рече Крмов, во Делчево под носот на инспекторите и локалните власти се случува кршење на работничките права.


-Во Делчево како и во другите градови најголем проблем е иселувањето, градот живурка економски, освен што малку има земјоделие, тука главна индустрија е текстилната, каде најчесто се кршат работничките права. Сопствениците на фабриките буквално се изживуваат врз работниците, кои се третираат како робови, а сето тоа се случува под носот на локалните власти и дежурниот инспекторат. Левица како единствена работничка партија која концептот го базира исклучиво на трудот, не на капиталот, има повеќе ставки за работничките права, меѓу нив е и враќање на породилното отсуство од 12 на 9 месеци, рече Крмов во својата изјава.

Додаде дека Левица ќе се залага по завршувањето на породилното отсуство, бремените жени да не се враќаат на работа порано од 6 месеци.

-Сега бремените жени се враќаат на работа по 45 дена, а исто така имаме ставка за работничките со новороденче до 3 години да важи флексибилно работно време и да важи апсолутна забрана за откази за бремени работнички, за време додека се во активен работен однос, додаде Крмов од Делчево.

Во рамки на посетата на Делчево, членовите на Левица заедно со носителот Крмов, го посетија градскиот пазар каде поделија брошури со дел од нивната програма за претстојните избори.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*