Шахпаска од Делчево: Преку инвестиции во инфраструктурата, инвестираме во економијата, во државата, во иднината

Преку инвестиции во инфраструктурата, инвестираме во економијата, државата во иднината. Ова при денешната посета на Делчево го истакна носителката на листа од ИЕ 3 од коалицијата ,,Можеме”, Јагода Шахпаска.

Таа додаде дека во изминатите три години Владата покажала како се работи домаќински, одговорно и отчетно и како се гради плански на територијата на целата држава.


-Инфраструктурата претставува крвоток на економијата и оттука секоја инвестиција во неа е инвестиција во економијата, во државата, за сегашните и идните генерации. Ниту кризата со коронавирусот не ја запре градежната офанзива низ секој дел од државата. Градиме за сите и во услови на вонредни околности, градиме инфраструктура во новата нормалност. Градиме 260 км автопат, 300 километри експресни патишта о 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1500 километри постоечки патишта, рече Шахпаска од Делчево, напоменувајки дека Источниот регион го доби првиот автопат Миладиновци – Штип и експресните патишта Штип-Радовиш, Штип – Кочани и Штип Ранковце, а истовремено како што додаде се рехабилитирани и постоечките патишта Штип – Радовиш, Крупиште – Пробиштип, Кочани – М.Каменица и Делчево – граничен премин со Бугарија.


-Нашата држава ланската година и оваа 2020 година заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој како што додаде се одолговлекувал речиси 20 години.

-И во услови на коронакриза интензивно се работи и на локалната инфраструтура во фаза која р отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што обезнедуваме 100 милиони евра за сите општини во земјата, додаде кандидатката за пратеник во ИЕ 3. 


За време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ како што додаде на крај од изјавата Шахпаска, Делчево беше заборавено, без нити еден проект и долг од 240 милиони денари. 

-Денес Делчево не е повеќе изолирана општина, се инвестира се гради, се подобруваат условите за живот на делчевци. По изградбата на регионалните патишта Делчево – Кочани, транзитниот булевар низ Делчево, правците Делчево – Ѕвегор, Делчево – Пехчево и Делчево – Виница, градот доби патна инфратсруктура за пример, потенцираше Шахпаска од Делчево.


Владата предводена од СДСМ како што додаде останува фокусирана на изградба на модерна, брза ефикасна инфраструктура за побрз и поефикасен транспорт низ целата земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*