Шахпаска: Поголеми шанси за младите, повисок младински стандард и намалување на младинската небработеност под 17% до крајот на мандатот

Поголеми шанси за младите, повисок младински стандард и намалување на младинската небработеност под 17% до крајот на мандатот. Ова од Пехчево го истакна носителот на кандидатската листа од коалицијата ,,Можеме”, Јагода Шахпаска која од Пехчево порача младите да си го чуваат своето историско наследство на кое треба да бидат гроди, а таа како носител во Третата изборна единица од коалицијата „Можеме“ ќе направи се за тие да се задржат дома.

-Во таа насока во изминатите три години, реализиравме голем број на мерки и политики со кои ја реализиравме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво вработување на младиот човек. Стапката на невработеност кај младите лица денес изнесува 35,3%. што е многу пониска од 2016 година кога беше 48,6 проценти. Проектиравме конкретни, ефикасни мерки и политики за 4 годишниот мандат. Стапката на невработеност кај младите до 2024 година ја носиме под 17 проценти. Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од сега, истакна Шахпаска.

Оперативниот план за активни мерки и програми како што додаде продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари.

-Силно го поддржуваме младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5000 до 15 илјади евра. Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметка на младите. Во поранешното „Македонско село“ формираме „Start up Vilage“ кое ќе понуди физички простор за живеење и работа за млади со започнат или бизнис во подготовка, додаде Шахпаска од Пехчево.

Таа најави дека ќе продолжи мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во прозиводството, за вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование, како и стабилен раст, повисоки плати за сите, што ќе биде шанса за младите и ќе ја носи новата развојна економија, како доказ за македонски патриотизам на дело.

-Додека СДСМ го реализира концептот парите назад кај граѓаните, реализира мерки и можности за младите, ВМРО ДПМНЕ знаат само да ги крадат парите на граѓаните и да ги бркаат младите надвор од државата, како што го правеа тоа цели 11 години, затоа на 15 јули изборот е едноставен, силна економија и шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО ДПМНЕ, порача на крај од својата изјава пред пехчевци.

На 15 јули рече таа, граѓаните, младите, одбираат новс развојна економија, одбираат парите уште повеќе да завршуваат во нивните буџети, за да биде уште подобро за сите. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*