Николовски од Делчево: Македонците дома, а нашите производи во странство, е идното мото на Истокот

Коалицијата „Можеме“ вечерва одржа трибина во Делчево. Пред присутните свое обраќање имаа носителите во ИЕ 3 од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска, а свој говор одржаа и канидатот за пратеник од Делчево, д-р Соња Михаиловска, претседателот на партијата на пензионери, Илија Николовски и кандидатот за пратеник од ВМРО Народна, Љупчо Балкоски.

-Моите сограѓани нема да дозволат обнова на режимот, тие сакаат мирна европска држава во која ќе го продолжат својот живот, истакна пред делчевци, кандидатот за пратеник во ИЕ 3, д-р Соња Михаиловска.

-Благодарам за довербата од сопартијците и сограѓаните која ветувам дека ќе ја оправдам. Добро ме познавате, веќе 15 години работам како лекар и како иден пратеник ќе се залагам за ефикасен здравствен систем бидејки за здравјето се работи. Денес сакам да ги потсетам моите граѓани, дека во периодот од септември 2019 до 2020 година, 4 пати е покачена платата на лекарите. За 2 години, дадени се повеќе од 5000 согласности за вработување во Јавното здравство, оттука продолжуваме за подобрување на условите на здравстевните работници. Докажавме дека со поддршка на локалната и централната власт се решаваат проблемите на граѓаните, а Делчево е конкретен пример како со добра поддршка од централната власт се создаваат услови за подобар живот на граѓаните. За наредните 4 години предвидени се проекти од областа на инфраструктурата, експресни патишта од 300 километри меѓу кои Делчево – Кочани преку село Истибања и Калиманско поле, со што ќе се оствари желбата на делчевчани за брза патна линија. Инвестираме во сите сектори, во човечките ресурси. На 15 јули, гласајте на листата за пратеници од коалицијата „Можеме“, гласајте за број 3. Воедно, ве потсетувам како лекар на обврската за носење маска, држење дистанца и миење раце, рече Михаиловска.

Илија Николовски, како поранешен припадник во армијата, како што истакна целокупната кариера како пратеник, пензионер и во АРМ, ја посветил на приклучувањето на државата во НАТО алијансата.

-Учествував во изработувањето на документите за партнерство за мир, во првата мировна мисија и формирањето на Мултинационална бригада. Во 2013 година почнав да се занимавам со политика. Ме прашаа новинари зошто кога го нема Груевски се бавите со политика. Да одговорив, Груевски го нема, но груевизмот олицетворен во Мицковски живее и затоа ќе се бавам со политика и понатаму. Ние, повозрасната генерација државата им ја дадовме на тацна, а поранешниот режим ја разнебити и затоа сега сакаме да бидеме активни учесници во политиката. Најголемо задоволство ми беше со изгласувањето на ратификација за договорот за пристапување во НАТО кога на 27 март 2020 година и званично бевме примени во НАТО. Зачленувањето во НАТО не е политичка и воена одлука, тоа е процес кој ќе трае, а во кој бенефитите се големи. Граѓаните не се ни свесни што се носи ова зачленување, од културни, безбедносни причини, до се останато, тоа се бенефити за идните генерации. Со ова зачленување, еднаш засекогаш престануваат големодржавничките аспирации кои ги имаа кон нас, еднаш засекогаш е решено името, нацијата, јазикот. За да тоа се направи, требаше да се појави лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев, човек кој имаше осет за прагматичност и за неполни две ипол години реши стратегиски прашања, кои ниту еден политичар не успеа да ги реши, рече Николовски.

Кандидатот за пратеник Љупчо Бачкоски истакна дека оваа коалиција е составена од одговорни партии и носи одговорност, што се докажало во изминатиот период.

-При крајот сме на кампањата ги посетивме сите места во нашата единица. Од три аспекти анализата досега вели дека првиот аспект се вредностите, вториот активностите и третиот можностите. За вредностите знаете дека ја имаме демократијата. За нејзинно постигнување потребна е секојдневна работа и создавање, за нејзе треба и демократска мисла, мисла за слобода внатре во општеството. Оваа коалиција нашиот претседател Љупчо Георгиевски ја направи со СДСМ во период на диктаторско владеење во ВМРО ДПМНЕ и тоа беше коалицијата за борба за демократија во Македонија. И затоа ВМРО Народна, Обединети за Македонија и Достоинство се единствените патриотски партии кои се во коалиција со СДСМ и Зоран Заев. И сега доаѓаме до нападите врз мене како кандидат. Знаеме од кого се нападите, од недемократи, од ДМПНЕ која стана недемократска партија која ја водат административни претседатели, кои беа желни за диктатура. Ако раководителите ја немаат мислата за демократија, права и слободи, тие не смеат да водат држава, затоа што тогаш државата е во опасност. Затоа ги повикувам сите членови на ВМРО во партијата на ДПМНЕ кои се чувствуваат за демократи, да гласаат за вистинските вмровски вредности во коалицијата Можеме затоа што оваа коалиција ќе победи на претстојните избори, рече Балковски.

Се што СДСМ вети, исполни една третина од ветеното за само две ипол години, рече пред делчевчани носителката на листата во ИЕ 3 од коалицијата „Можеме“ Јагода Шахпаска.

-Ако некој град во Истокот е мој втор дом, тоа е Делчево. Тука го заработив својот прв леб, ја заработив првата плата. И ништо не сум заборавила од Мотел Кула до старата автобуска, меѓутоа најмногу ги памтам релациите со моите пријатели од Делчево. Нашата понуда е спротивна на онаа од Мицковски и Јанушев. Тука нудиме чесни и кредибилни луѓе кои дојдода да ја побараат довербата од цела Трета изборна единица. Ќе почнам од негователките и воспитувачките во градинките кои се мотивирани затоа што имаме 43 нови градинки, а во следниот мандат ќе имаме 7500 места за сместување на децата во градинките. Пензиите пораснаа за 1700 денари за нецели две години. Воведовме државна пензија за наши граѓани за да живеат достоинствено. Во сферата за лица со попреченост донесовме вистинска реформа, административно решавање на негата за брз рок. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто. Голем број на деца добија 8 пати повеќе детски додаток. Воведовме образовен додаток, сакавме децата да ги извадиме од раскрсниците во Скопје за да учат. Рековме ќе ги вратиме парите кај граѓаните, а преку радиодифузна такса и евтина струја во секое семејство на секои три месеци од тоа влегуваат плус средства. Имаме 5500 денари повисока минимална плата за повеќе од 100 илјад граѓани. Ова го говориме врз основа на она што го правиме, рече Шахпаска.

Почитувајки ги мерките за заштита од коронавирусот, Шахпаска порача до граѓаните на 15 јули да го заокружат бројот 3, затоа што СДСМ може уште повеќе и уште подобро, додаде Шахпаска.

Во својот настап пред делчевчани, носителот на листата во Третата изборна единица, Љупчо Николовски истакна дека ова е завршен настан на коалицијата во оваа изборна единица, а за него било чест да се биде помеѓу граѓаните на Истокот во изминатите неколку дена. 

-Им благодарам на тие граѓани за предлозите за она на што треба да се обврземе и да го работиме во наредниот период. Колку патишта како булеварот, Делчево Ѕвегор, Делчево Пехчево, како градскиот пазар, како многу проекти кои ќе се реализираат, колку такви проекти ќе беа реалност, ако парите не се инвестираа во стиропор како Белата Палата или Скопје 2014. Граѓаните ставија крај на тоа, во кое во минатото се окупираа и делчевски фирми, хараа овде инспектори, ги уценуваа луѓето и знам ладно беше кога решивме да ставиме крај на тој режим, ладно е и денес, а тоа значи дека ќе победиме за големо изненадување, од тука ќе ја пратиме пораката за крај на режимот, рече Николовски.

Тој рече дека нема дамка зад ниту еден кандидат во ИЕ 3, и затоа пред граѓаните зборува со чист образ.

-Зад нас во претходните години имаше и крв во собранието. Од раскарана држава и во која некој ретко имаше верба, никој не веруваше дека Груевски ќе падне, а не денес да сме во НАТО. А го срушивме заедно со сите вас, со многу труд со пенкало и глас и ја формиравме Владата и како прв човек на централниот штаб од Делчево ќе кажам дека Владата ќе ја предводи СДСМ ова го покажуваат и сите анкети кои ги прават ренормирани институти, не институти кои на интернет не можете да ги најдете, анкети кои ја потврдуваат вредноста на СДСМ и коалицијата, но клучно е дека граѓаните 2 спрема 1 веруваат дека  СДСМ ќе ја формира новата Влада, затоа што имаме најразнолика коалиција, која ги претставува сите и демократите и социјал демократите, најмоќна коалиција досега, додаде Николовски.

Денес тука додаде Николовски, даваме збор со градоначалникот, со вашата пратеничка, дека проектираниот пат ќе се гради, пат кој ќе ве поврзува со Кочани со граничниот премин и со Истибања, заради тоа што нашиот збор вреди.

-Останатите кандидати ги слушаме како ќе удираат боксови, тоа доволно говори дека делат, а ние ставивме крај на делбите и поделбите и покажавме како вистински да се грижите за Истокот. Ќе ги вратиме македонците во истокот, младите ни требаат тука, да го вратиме достоинствено за сите млади луѓе тука да работат, а да ги извезуваме нашите производи. Македонците дома, а нашите производи во странство и затоа даваме збор дека ќе го оствариме, додаде носителот во ИЕ 3 од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Љупчо Николовски.

Тој рече дека само СДСМ се бори за НАТО и се избори и за новата развојна македонска економија и овозможи за краток период да се потврди македонскиот јазик и да озвозможиме денес грчки премиер да го цитира Блаже Конески, со целата посебност со сето она што е македонско.

-На 15 јули не само што ќе победиме, туку нашата желба е многу чист мандат кој треба да дојде од граѓаните, најмногу заради нашата посветеност, енергија и ншата одлучност, заради кој го заслуживме овој чист мандат. Да ставиме крај на режимот, за да побргу преговараме со Европската Унија, порача Николовски.

На 15 јули победува коалицијата „Можеме“ затоа што можеме уште повеќе, можеме уште подобро, рече на крај од говорот Николовски пред делчевчани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*