Делчевската библиотека продолжува доследно да ги почитува мерките за заштита од COVID-19

Делчевската локална библиотека „Илинден“ продолжува и понатаму доследно да ги почитува мерките за заштита од COVID-19, а отсега да работи и со задолжително почитување на протоколот за работа на библиотеки.  Директорката Билјана Петровска потсети на дел од мерките и обврските на читателите при посета на установата.

-Задолжително е носење на лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата: маска, марама или шал. Корисникот може да влезе во библиотеката само со лични заштитни средства. Дезинфекција на рацете пред влегување во библиотека. Одржување на физичко растојание од 2 метри. Во библиотеката истовремено може да влезе по еден корисник во секој оддел, вели Петровска.

Библиотеката како што додаде навремено ќе ги информира корисниците за сите промени преку соопштенија на влезот, преку официјалниот профил на фејсбук.

-Вратените книги посебно ќе се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за позајмување, додаде Петровска.

Во продолжение еве кои се протоколите за работа на библиотеки, музеи, галерии и изложбени простори.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*