Кадиица и Пехчево го добија првиот планинарски дом во регионот кој е целосно опремен од вредните раце на планинарот Марјан Митриновски. За да се уреди неговата внатрешност и надворешност, како што додава пехчевскиот планинар, беше потребен долг период, по кој конечно, планинарскиот дом целосно е опремен и ставен во функција на планинарите и гостите намерници, кои планираат да го искачат еден од највисоките врвови во Пехчевскиот регион.
-Планинарскиот дом се наоѓа во месноста ,,Буновето” во близина на селото Спиково, на околу 1400-1500 метри надморска висина. Домот располага со 10 легла, граден е во приватна режија и на приватен имот. Се надевам дека добро ќе им служи на планинарите, за кои сметам дека е доволен простор и за засолниште и за било какво друго користење, за кое ќе имаат потреба, вели Митриновски.

Местото е на одлична локација, бидејки како што додава пехчевскиот планинар, оттаму се гледаат најголем дел од планините во Источна и дел од Јужна Македонија.
-Од левата страна во хоризонтот се гледа Беласица, од десната страна е Руен, Осогово, врвот Лисец се гледа на Плачковица и целата Малешевска планина и Огражден. Зад нас се наоѓа планина Влаина и врвот Кадиица, нашиот патрон на друштвото. Прекрасен поглед, кој треба да се доживее, додаде Митриновски.

Додаде дека секоја заинтересиран кој сака да го користи планинарскиот дом може да го контактира, а воедно како што вели, останува на располагање и за време на одржувањето на планинарски маршеви до познатиот врв Кадиица.
Kolku e edno nokevanje,
Telefon za rezervacija,
Moze li da de vozi velosiped gore
Kolku najmalku I najmnogu legla ima vo soba,
Za da znae me kako da se organizirame,
Navigacija ke ne odnese li tamu I ima li distal do internet.
Blagodaram!