Во Делчево на иницијатива на Општинската изборна комисија денес се одржа координативен состанок за успешно спроведување на Предвремените парламентарни избори. На состанокот присуствуваа претставници на МВР, Јавниот обвинител при ЈО Делчево, државен службеник од одделението за инспекциски служби и претставници на политичките партии од коалициите „Можеме“ и „Обнова на Македонија“.
Претседателот на Општинската изборна комисија Владимир Петровски истакна дека во Делчево на претстојните избори ќе се гласа на вкупно 36 избирачки места.
-Од тие 36 избирачки места, 15 се во градот, додека 21 избирачко место во руралните средини. До вчера беше рокот за поднесување болни и немоќни, вкупно имаме 341 барање за гласање на такви лица. Нема пријавени лица за гласање со КОВИД 19 и мерка за самоизолација. Целта на овој состанок е од наша страна да се појаснат законските регулативи, да се дадат насоки и свое видување за работите кои ни следат пред нас, рече Петровски.

Од страна на ОВР Делчево согласно насоките на МВР, како што истакна командирот Стојан Димитровски ќе се спроведуваат сите мерки за успешно спроведување на изборниот процес во услови на КОВИД-19, а како што додаде ќе се санкционираат сите кои ќе го прекршат законот.
-Сметам дека треба да бидат коректни изборите, од моето 29 годишно искуство можам да кажам дека само еднаш имавме проблеми, затоа очекувамизборите да бидат фер, нашите надлежности се знаат, така што очекуваме мирен изборен ден, рече Димитровски.

Од страна на претставникот на инспекциски надзор беше напоменато дека од страна на двете партии има мало прекршување во делот на пишување графити по улиците, додека генерално на местата означени за политичко рекламирање не се забележани прекршувања во делот на кинење плакати.
Претседателите на партиите упатија порака граѓаните да излезат масовно на гласање и да го дадат свој глас за партијата, која според нив го заслужува нивниот глас.

Заклучно со избирачкиот список за претстојните Предвремени парламентарни избори право на глас на територијата на општина Делчево имаат 14 680 граѓани.
Еве дел од дискусијата и излагањата на претседателот на Општинската изборна комисија, надлежните и претседателите на политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Влатко Величковски и Горанчо Тодоровски.
Leave a Reply