Привршуваат градежните работи на улица ,,Моша Пијаде” во село Русиново

Во беровско Русиново како што информираат надлежните привршуваат градежните работи за замена на калта од улица ,,Моша Пијаде” во сало Русиново со нов асфалт.

-Во тек е асфалтирање на улицата, која е доста значајна за жителите на село Русиново, при што тие ќе добијат полесен пристап како до центарот на селото, така и до градот, ќе се намали прашината, која што беше секојдневие, со што жителите конечно ќе добијат инфраструктура каква што заслужуваат, информираат од Општина Берово.

За реконструкција на оваа улица од Буџетот на општината за 2020 година, ќе бидат исплатени 1,4 милиони денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*