Во Делчево до доцна во ноќта се славеше изборот за пратеник на кандидатката од коалицијата „Можеме“, Соња Михаиловска. Во својата изјава Михаиловска им се заблагодари на граѓаните за довербата велејки дека ќе работи во интерес на европските вредности.
-Почитувани сограѓани, благодарам за довербата за демократската зрелост и достовинство. Продолжуваме по патот на европските вредности, и ќе докажеме дека заедно можеме уште повеќе, рече пратеничката Соња Михаиловска.

Претседателот на Општинската организација на СДСМ, Влатко Величковски рече дека заедно со пратеничката ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните.
-Разликата од 1001 глас и довербата во речиси сите избирачки места покажува дека сме на вистинскиот пат. Делчево покажа како се организира демократски процес како што ни доликува. Продолжиме со нашата пратеничка да работиме во интерес на граѓаните. Се заблагодарувам до сите граѓани кои се придржуваа на препораките за безбедно гласање во вонредни околности. За крај исклучителна благодарност до сите активисти на СДСМ и членови на Општинскиот штаб за одлично завршената работа, рече Величковски.

Во Делчево според последните резултати коалицијата „Можеме“ освои 4428 гласови наспроти 3427 гласови за коалицијата „Обнова за Македонија“.
Leave a Reply